Одржани средби за можностите за рурално кредитирање

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во период Февруари – Март 2014 согласно владините мерки и програми за директните плаќања во земјоделството и рурален развој и ИПАРД програмата, во соработка со ПроКредит Банка, реализираше средби со руралното население за промоција на можностите за рурално кредитирање.

          Во текот на двата месеци советодавците од АПРЗ во соработка со агро кредитаторите од ПроКредит Банка одржаа средби за промовирање на можностите за рурално кредитирање, согласно владините мерки и програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како и обуки за ИПАРД програмата.

          Средбите имаа за цел пред руралното население да се изложат условите за рурално кредитирање, како начин за поефикасно искористување на финансиските средства предвидени со програмите за директните плаќања во земјоделството и руралниот развој.

          Со средбите беа посетени 27 населени места низ Република Македонија, на кои зедоа учество преку 400 заинтересирани земјоделски стопанства кои го поздравија овој пристап на информирање на руралното население од страна на АПРЗ. 

          Активноста планирано е да продолжи и во наредниот период според потребите од теренот.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна