| Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството на Р. Македонија – Битола |
|
Вовед АПРЗ е основана со Закон (Сл.весник бр.3/98), со поддршка од Проектот од Светска Банка, а во согласност со стратегијата за развој на земјоделството на РМ 1995- 2010 год. се применија реформи, со што се изврши трансформацијата на поранешните индивидуални Центри за развој во АПРЗ и се создаде основа за квалитетна советодавна услуга вo земјоделството. Од 2005 год. со примена на заклучоци на Влада за рационализација на јавната администрација, АПРЗ премина во буџетски корисник од втор ред. Согласно Законот со АПРЗ управува Управен Одбор во кој членуваат 6 претставници на индивидуалните земјоделски производители и 3 претставници од научните институции.
Надлежности: АПРЗ е одговорна за давање на стручна помош на индивидуалните земјоделски производители (ИЗП), со цел зголемување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство и негова поголема искористеност. |