| Програмски активности | ||||||||||||||||||||
|
Програмски цели
(Се користи извадок од Сл. на РМ бр. 120 од 31.12.2005 год.) ПРОГРАМА 1 – Администрација Оваа програма ги вклучува активностите и трошоците на правната служба, сметководството, АОП и останатите режиски трошоци насочени кон одржување на Информацискиот систем, поддршка во развојот на секторот за земјоделство со наградба на советниците и ефикасност на специјализираните работни групи, непшречено функционирање на правниот и финансискиот сектор, поддршка во реализација на Медиа планот со подобрување на односите со јавноста, со подобрување на комуникациите и транспарентноста на АПРЗ.
ПРОГРАМА 2 – Совети Програмата опфаќа активности за давање на советодавни услуги на терен кај фармерите и нивните здруженија со цел за: едукација на фармери, демонстративни опити, агрохемиски анализи, изработка на анлизи од базата на податоци од спроведен Мониторинг на фарма, збогатување на квалитетот иквантитетот на дадените совети.
ПРОГРАМА 3 – Поддршка Оваа Програма опфаќа активности на поддршка, односно соработка меѓу АПРЗ и Министерството за земјоделство со цел за оптимализација на организацијата и групирањето на активностите за економична реализација на поставениоте задачи произлезени од Годишната програма за поттикнување на развојот на земјоделството во Р. Македонија.
ПРОГРАМА 4 – Развој Основните активности на Програмата заразвој се во функција на развој на директната комуикација на АПРЗ и индивидуалните земјоделски производители што дава можност за директна имплементација на научни и стручни сознанија и импементација на Владини мерки од микро план. За успешноста на оваа задача АПРЗ постојано ги надградува свиоте капацитети, овозможува постојано организационо и функционално поставување и групирање на своите активности за нивно целосно извршување. Основно цели на оваа Програма се: развој и континуитет на Системот за мониторинг на фарма – ФАДН, јакнење на довербата еѓу советникот и земјоделецот, како услов за размен аи прибирање на информации, како и зголемување на бројот на институционалните корисници од услугите на АПРЗ.
ПРОГРАМА 5 – Изработка на техничко економски советодавни пакети за ИЗП Активноста на Програмата за изработка на техничко економски советодавни пакети (ТЕСП) за индивидуалните земјоделски производители (ИЗП) вклучува изработка на ТЕСП според потребите на земјоделците, поддршка за развој на советниците со јакнење на активностите на работните групи, како и развој на подсистемот кој е дел од информацискиот систем за пристап и комуникација фармер – советник.
Постигнати резултати во 2005 година: Во текот на 2005 год. во рамките на законски утврдените функции, АПРЗ ги постигна следниве резултати: овозможено одржување на Информатичкиот систем (ИС) – софтвер и извршена негова надградба, започнати активности за подобрување на веб страница, одржани предавања и обуки за фармерите и советниците, поддржани од проекти – ГТЗ, СИДА, СЛР и др., доработена целокупната документација во согласност со законските регулативи, изработена годишна програма за работа со медиуми, обучен персонал со обуки од СИДА, доделени сертификати на одделни советници за нивна надградба по специјалности, реализирани дваесетина демонстративни опити, заради недоволна обученост на советниците и немање на финансиски средства за набавка на реагенси за анализа на почва, активноста не се реализира според динамиката, се очекува поддршка од проекти, извршени анализи од базата на податоци, но за нивно квалитетно подобрување се очекува поддршка од проекти, дефинирани и реализирани советодавни услуги според потребите на земјоделците на терен, според условите и можностите на АПРЗ, извршено следење, прогнозирање и детерминација на штетниците според планот и изработени извештаи доставени до МЗШВ, изработен и доставен извештај од евиденција на 450 фарми и истиот е објавен во Годишниот земјоделски извештај. Со помош на Шведската Статистика испратени податоци во ФАДН – Брисел со што се потврди воспоставената основа за ФАДН во Р. Македонија.
Движење на вкупниот Буџет на АПРЗ по години : Во 1000 денари
|