Годишни податоци

 

    • Општо за податоците                 
    • Годишни податоци за 2001
    • Годишни податоци за 2002
    • Годишни податоци за 2003
    • Годишни податоци за 2004

Општо за податоците

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на Р. Македонија – Битола располага со база на податоци од индивидуални земјоделски производители и тоа за ресурси, приноси, приходи, трошоци и сл. Од базата се користат податоци од 450 фарми кои се објавуваат на годишно ниво, во Годишниот земјоделски извештај при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Градењето на базата на податоци т.е. Информацискиот систем е  поддржан од прект на Светска Банка во согласност со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, квалитетно надограден од Шведската статистика, финансиран од СИДА.

Квалитетот на податоците зависи од повеќе фактори:

    • Изборот на фармите во 2001 година е со соодветна методологија и поддршка од консултанти од Светска Банка;
    • Во текот на наредните години измените и дополнувањата на изборот на фарми е врз основа на довербата и меѓусебната соработка меѓу советникот од Агенцијата и фармерот;
    • Во изминатиот период, во различни години, се применуваа одредени надоградувања на системот – софтвер, се додефинираа потребните видови податоци, се развиваше соодветната методологија за пресметка на излезни резултати, што предизвикуваше различни ефекти на годишните пресметки;
    • Се вградуваат разни контроли, но цел е да се изгради софтверски контролен систем;
    • Се надградуваше методологијата за прибирање и евиденција на податоците во соодветни тетератки – формулари, се надоградуваат упатствата за работа и користење на информатичката технологија;
    • Во целиот изминат период немаше континуитет во расположиви потребни финансиски средства за посета на терен, критична година за финансиски средства е и тековната 2006 год.;
    • Тенденција е обучување и на фармерите за нивно самостојно евидентирање на податоците;
    • Со реализација на Земјоделскиот попис ќе се утврди репрезентативен примерок, а можноста за редовен буџет на активноста, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на податоците, со што ќе се задоволат потребите на големиот број на корисници на базата на податоци.