|
АБСТРАКТ
Фармерите во Македонија мора да произведуваат земјоделски производи во соодветни количини со соодветен квалитет, кои ќе одговорат на потребите на пазарот, и кои ќе обезбедат подобар профит за фармерите. За да се постигни оваа цел, постои потреба од евиденција на фарма како предуслов за правење на анализи во земјоделското производство со користење на некои економски параметри.
Системот на мониторинг на фарма (FMS) претставува евидентирање на ресурсите, приносите, приходите и расходите, работната рака во процесот на производство кај приватните фармери. Сето ова бара соодветни приоди и методи.
Системот на мониторинг на фарма FMS е прилагоден на специфичните услови во Македонија кои се резултат на различните нивоа на развој на индивидуалните фарми. Развојот на FMS исто така зависи од поддршката од релевантни институции во Македонија и странство.
FMS е база за имплементација на мрежата на сметководствени податоци на фарма - FADN.
ПРЕДСТАВУВАЊЕ
Квалитетот на советодавните услуги зависи од добиените информации од фармаите кои советниците ги имаат на располагање. Тоа е причината зошто има потреба од добро формирана база на податици за фарма. Оваа база на податоци може да биде креирана со помош на FMS. FMS исто развива сметководствени сегменти, т.е. евиденција на податоци на фарма.
Иницијативата за градење на систем за евиденција на фарма беше поддржана од проект на Светската Банка во согласност со МЗШВ. Понатамошниот развој на FMS е реализиран со проект финансиран од SIDA преку Шведска Статистика. Со користење на сопствени капацитети и лична мотивација, Агенцијата создаде финансиски мониторинг на фарма како предуслов за давање на квалитетни совети. Оваа активност ќе ја зајакне советодавната услуга во земјоделството и овозможува имплементација на FADN.
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА FMS
Имплементацијата на FMS овозможува развојот на фармата да биде следен од стручни лица. Советниците се присутни на терен каде што добиваат висококвалитетни и навремени информации. Истовремено, тие даваат стручни совети на фармерите и им помагаат да совладаат одредени проблеми во процесот на земјоделското производство.
Во овој момент, Агенцијата има соодветен информативен систем – софтвер, кој овозможува советникот да се поврзи со базата на податоци преку мрежа и да ги внеси истите во таа база.
FMS континуирано функционира веќе пет години. FMS во текот на овој период е надградуван и истиот ги задоволува процедурите и барањата на FADN, со тоа што веќе две години преку Шведската статистика се испраќаат податоци во ФАДН – Брисел.
FMS дава можност за калкулација на контрибуционата маржа за различни типови на култури или животни. Исто така, FMS ја покрива целата територија на РМ, и ги покрива сите типови на фарми со различна големина.
Имплементацијата на мрежата на информативниот систем која може да се користи и од малите фармери и од советодавната услуга, ке обезбеди дирекни бенефиции за индивидуалните земјоделски производители. Информативниот систем е базиран на WEB технологија, тој е многу близок до корисниците и има лесен пристап на корисниците до потребната информација. Тоа дава можности за брзо, навремено и квалитетно имплементирање на научните достигнувања дирекно до фармерите.
Високиот квалитет и навременото информирање дава потенцијал за креирање на развоен план за земјоделство преку брза обработка на податоците од индивидуалните фармери. Базата на податоци дава можности за задоволување на поширок интерес на државно ниво. Базата на податоци дава можности за воспоставување на FАDN, како и задоволување на барањата на останатите чинители во областа на земјоделството, како што се преработувачите на земјоделски производи, конзументите, статистичките уреди и др.
КОРИСНИЦИ ОД БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ
МЕТОДИ НА ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ
Досегашните ресурси на АПРЗ со поддршката од проектите овозможуваа посета на советниците на фармите еднаш месечно. Во текот на посетата, советникот пополнува формулари во тетратка за евиденција на податоците. Податоците се внесуваат во соодветни полиња од зависнот на видот на податокот.
Изработени се две книоги за евиденција на податоци: една за прибирање на општите податоци за ресурсите на фармата и друга за прибирање на податоци за приноси, приходи, трошоци и работна рака. Тетратките содржат двојни индиго страници. Едната копија е за фармерот, а другата за советникот. Другата копија се чува во архивата на работната единица, во документацијата на советникот во регистер. Регистерот ги содржи сите фарми врз кои се врши мониторинг од советникот. Се препорачува фармерите сами да ги пополнуваат овие формулари, но доколку тоа не е возможно, советникот треба да помогне. Ако тоа воопшто не е возможно, советникот во тој случај треба сам да ги пополнува формуларите. Како додаток, АПРЗ подготви упатство за советниците за собирање на податоци на ист начин.
Врз основа на пополнетите формулари, советникот ги внесува податоците во компјутер, користејки посебен апликативен софтвер изработен за FMS. Кога советникот се вклучува во системот со шифра, тогаш тој го препознава и му ги понудува формуларите за пополнување за сите фарми што ги покрива со FMS. Секој советник што работи на FMS има регионален координатор кој што му помага да ги реализира сите активности во FMS. Шесте регионални координатори имаат поддршка од главен координатор и од лице кое е одговорно за ИT – систем администратор.
Информативниот систем е базиран на WEB технологија и е интегриран со мулти-кориснички систем со Интранет и Интернет врски. Информативниот систем во Агенцијата е составен од неколку подсистеми. Овие подсистеми комуницираат помегу себе. Еден од овие подсистеми е и FMS. FMS континуирано се надградува и станува поблизок до FADN. Базата на податоци од FMS е добро дизајнорана да ги покрива сите типови на податоци кои што се користат во FADN.
НАЦРТ ПРЕДЛОГ ЗА ИДНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ФАДН
Шематски приказ на идна поставеност на ФАДН, предлог на консултант од проект поддржан од ЕАР (Европска агенција за реконструкција)
ИЗБОР НА ПРИМЕРОК, ИМПЛИКАЦИИ ОД ДЕЛУВАЊЕ НА ОДДЕЛНИ ФАКТОРИ
Реализацијата на пилот проектот за FMS во 2001/2002 год. поддржано од Проектот на Светска Банка, дефинира избор на репрезентативни фарми. Селекцијата на фармите се изврши со примена на соодветна методологија применета од страна на надворешен консултант, при што се користеја статистички податоци од последениот попис (1969 год.) и искуството од соработката на советниците во Агенцијата со фармерите. Бројот на фармите кои се евидентираат во системот е поголем од 800, од кои 450 се дефинирани како репрезентативни примероци. Поголемиот број на евидентирани фарми е врз основа на потребата советниците да даваат стручни советодавни услуги базирани на соодветни анализи и потребата од пратење на ефектите од примена на соодветни мерки дирекно на фармата.
Квалитетот на просечните вредности добиени од пресметки базирани само од дефинираните репрезентативните фарми треба да се свати условно, бидејќи дефинирањето на соодветен примерок може да даде резултат само по реализацијата на Земјоделскиот Попис во Р. Македонија.
Зачувувањето на континуитетот на FMS по години, овозможува постојана квалитететна надградба, како во видот на податоците така и во софтверските решенија. Овие надградби се извршуваа и се извршуваат во различни временски периоди, што предизвикува одредени последици во пресметувањето на просечните вредности базирани за период од една година.
Дефинираните видови податоци со започнувањето на реализацијата на FMS даде основа за развој на ИС кој овозможува лесна надградба во сопствениот квалитет, што е и резултат на веќе поставената основа за FADN во Македонија.
Имено, со техничката и финансиска подршка на SIDA преку Шведската статистика овозможено е квалитетно надградување во прибирањето и евидентирањето на податоците. Информативниот Систем овозможува влез на околу 200 типови различни податоци за фарми. Набројуваме некои карактеристики во пресметките и евидентирањето:
- Приходи на фармата и по основ на продажби за сопствена употреба, продажби за понатамошно производство или продажба за потребите на фармата.
- Складирање посебно на готовите производи, посебно на недовршеното производство.
- Воведување на втора култура и меѓу култура, со ознаки за екстензивно интензивно производство и сл.
- Воведување на вредносен податок за одредени расположиви ресурси (почетни и крајни вредности на објекти, опрема, стада ).
- Раздвојување на трошоците за насади со принос во наредна година.
- Изработка на контролни листови и градење на контролен систем.
- Воведување и групирање на инвестициите.
- Подобрена евиденција за работната сила.
- Овозможени се пресметки на податоците според регулативите на FADN и сл.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА FMS
FMS е база за развој на различни видови на активности кои ке одговорат на барањата на различни типови на корисници. Основен корисник е индивидуалниот земјоделски производител.
- FMS создава основни предуслови за правење на анализи кои се корисни за сите видови на корисници како што се производителите, преработувачите, потрошувачите, научните институции, Министерството за Земјоделство, државни институции и многу други
- FMS дава можности за подобрување на квалитетот на советодавните услуги.
- FMS овозможува започнување на сметководство на фарма.
- FMS создава основни предуслови за имплементација на FADN. Извршени се први обработки на податоците според регулативите на FADN и истите се испратени во Брисел со помош на Шведската Статистика.
- FMS помага во креирањето на подобра земјоделска политика.
Успешноста на FMS зависи од:
- мотивираноста и условите за работа на советниците, нивната стручност и статусот на Агенцијата,
- континуирани напори за надградба на системот и подобрување на квалитетот на подреденост на податоците за да можат да одговорат на сите барања на корисниците
- мегусебна доверба помегу советниците и фармерите. За фармерите Агенцијата е независна институција која ги застапува нивните интереси.
- поддршка од други институции што е неопходно за одржливоста на FMS.( очекувана реализација на Проект за FADN поддржано од ISMA.
Ако Агенцијата не ја добие потребната поддршка, (вклучувајќи ја и тековната 2006 год.) за континуитет и надградба на FMS со имплементација на FADN, ќе изгубиме исклучително добра создадена база на податоци која што е основа за развој на индивидуалното производство во РМ. Базата на податоци дава големи можности за соодветно користење на постоечките ресурси и капацитети на фармата со цел да се добие здрава храна и со цел за развој на руралните области, со имплементација на соодветни економски мерки.
Се надеваме дека со заеднички напори на Агенцијата и другите владини институции и со голема помош и поддршка од релевантни странски институции - проекти, ќе бидеме во состојба да создадеме основни предуслови за континуиран и одржлив FMS и воспоставената основа за ФАДН во Р. Македонија да го даде својот придонес во евроинтеграциските поцеси.
|