Фокус

 

   МААСП  беше креирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и се спроведува со поддршка на МЗШВ, помогната од Сида, која се стреми да ги поддржи економскиот и социјалниот развој во Западен Балкан. Активностите кои МААСП ќе бидат засновани на овие шест цели на Сида:

  • Економски пораст
  • МААСП програмата го поттикнува порастот на комерцијалното земјоделство, преку подобрено спроведување на пристапите за раководење на одржлив бизнис, кој го интегрира производството со потребите на пазарот.  

  • Намалување на сиромаштијата
  • МААСП програмата ја оцени сиромаштија и понатаму ги развива пристапите кои поттикнуваат обезбедување на информации од област на земјоделството и услуги до сите субјекти во руралните заедници, без разлика на нивниот економски статус.

  • Родова еднаквост
  • МААСП програмата создава свест и практични правила во пилот проектите, неопходни за зголемување на ефикасноста и моќта на жените, зголемувајќи го нивниот пристап до средствата за производство.

  • Оддржливост на животната средина
  • МААСП програмата воспоставува консултативен и интерактивен пристап, во кој се вклучени локалните заедници во еколошките аспекти на социјалниот и економскиот развој.

  • Демократија и транспарентност
  • МААСП програмата воспоставува консултативен и интерактивен пристап, во кој се вклучени локалните заедници во планирањето и спроведувањето на нивниот социјален и економски развој.

  • Интеграција со ЕУ
  • МААСП програмата работи на обезбедување на квантитетот, содржината и временскиот распоред на обуките за адаптација и спроведување на правната регулатива, да ги задоволува потребите на клиентите, дупликацијата на обезбедената обука да биде минимизирана и оддржливоста на наученото максимизирано.

        Овие резултати можат да бидат постигнати само ако советодавните системи се фокусираат на потребите за економскиот развој на руралните домаќинства. За ова е потребен еден поширок пристап, а не само обезбедување на технички земјоделски совети, туку развивање на разбирањето, за тоа како комбинацијата од рурални претпријатија се вклопува во стратегијата за животните услови во руралните заедници. Со цел да се направи оваа промена советодавателите и организациите со кои соработуваат ќе мораат да развијат разбирање за улогите на родовите, социјалните промени и значењето на вработувањето надвор од фарма во рамките на руралниот развој во Македонија.