Програмски активности

 

  Програмските активности во првата фаза се дизајнирани со цел да бидат комбинација од развојот на национална стратегија за советодавните услуги, пет практични проекти и активности за јакнење на јавната свест, поврзана со намалувањето на сиромаштијата, родовите прашања и развојот на животните услови.

Програмата на националната стратегија вклучува идентификација на прифатлива структура за постоечката Агенција за поддршка на развојот на земјоделството, градејќи капацитети кај менаџерите и персоналот да развијат фонд на експертиза, која може да го поддржува создавањето на се пооддржливи советодавни услуги за земјоделците, кои ќе се засноваат на нивните потреби.

Теренските проекти се состојат од првични истражувања за ситуацијата, интерактивни работилници, директна обука во земјата и во странство и посредување помеѓу заинтересираните страни. Се планираат практични експерименти со нови модалитети на советодавни услуги, вклучувајќи алтернативни модели на финасирање, иницијативи за зголемување на можностите на земјоделците и мали проекти за поврзување на истражувањата и советодавните услуги. Активностите ќе бидат тесно набљудувани и резултатите ќе бидат промовирани за да се поддржи развојот на капацитети со релевантните институции и да се вметне добиеното знаење и вештини во академските, научните и образовните институции.

За време на првата фаза, теренските активности не се фокусирани географски, туку на локации кои ги претставуваат главните агро-економски системи и ја одразуваат еднаквата застапеност на различните етнички групи. Избраните општини се: Гостивар, Куманово, Пехчево, Гевгелија и Битола. 

Јакнењето на јавната свест ќе започне во последното тримесечие на 2005 г. со активности во рамките на пилот проектите и со создавањето на дискусија помеѓу релевантните институции на национално ниво.