| Цел |
|
Програмата за поддршка на советодавните услуги во земјоделството (МААСП) се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во соработка со релевантните јавни и приватни обезбедувачи на услуги, кои работат на подобрување на животните услови на руралното население. Програмата помага во обезбедувањето на високо квалитетен придонес во земјоделството преку врските со националните и меѓународните експерти, за да се обезбеди двојна услуга која ќе развие производство, според потребите на корисниците, преработка и пазарна ориентација за оние со комерцијални аспирации, како и соодветни животни услови и фокус на сиромаштијата за оние со ограничени средства. Програмата развива оджливи комуникациски капацитети помеѓу земјоделците и јавните и приватните обезбедувачи на услуги во руралниот сектор и ќе асистира во воспоставувањето на дијалог за националната политика за обезбедување на услуги за рурален развој. Првата фаза на МААСП започна на 1ви декември 2004 г. и ќе трае три години, сé до крајот на ноември 2007 г. Во текот на летото 2007 г. ќе се спроведе значајна оценка на првата фаза, која ќе обезбеди основа за донесување на одлуки во однос на планирањето на втората фаза на Програмата. Целосната програма е замислено да се спроведува во текот на осум години. |