|
За успешна реализација на целите кои ги има поставено АПРЗ, а се во согласност со целите на МЗШВ – Македонската влада, се дефинирани основните цели кои поддржуваат одделни владини приоритети:
- намалување на невработеноста и сиромаштијата,
- приближување до членство во ЕУ,
- зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавниот сектор.
Активности насочени кон остварување на Основните цели и приоритети на АПРЗ :
- Овозможување на поквалитетна база на податоци од ИЗП како услов за подобрување на микро и макро согледувањата во аграрот;
- Создавање добра база за развој на комерцијализација на советодавните услуги;
- Овозможување мерливост на квалитетот и квантитетот на спроведени советодавни услуги кај ИЗП;
- Овозможување континуитет на Монитиринг на фарма – сметководство на фарма со вклучување во FADN (Farm Accountancy Data Network);
- Развивање на децентрализација, на регионално ниво во развојот на специфичностите кај индивидуалното земјоделско производство;
- Овозможување на флексибилна и пазарно ориентирана рурална економија преку развојот на земјоделското производство и во руралните области;
- Зајакнување на категоријата на професија „Земјоделец“;
- Пазарно земјоделско производство според стандардите на ЕУ со неговите количински и економски параметри;
- Спроведување на владини и невладини мерки од поширок интерес за државата;
- Зајакнување на АПРЗ како линк помеѓу науката – ИЗП, власта – ИЗП, но и
зајакнување на соработката помеѓу земјоделските производители со преработувачите, потрошувачите и другите учесници во ланецот на земјоделскиот сектор.
|